Девизните резерви се стопија за 78,7 милиони евра

Bez autora
Jul 07 2013

Само за еден месец, односно споредено мај со јуни годинава, девизните резерви на државава се намалиле за близу 80 милиони евра. Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои говорат дека на крајот на јуни девизните резерви на земјава изнесувале 2,039 милијарди евра, наспроти нивото од 2,117 милијарди евра кое го имале во мај. Ова е најниско ниво на девизните резерви од почетокот на годинава. Ако се споредат јануари со јуни годинава, тогаш излегува дека девизните резерви се намалиле за 224 милиони евра. Минатата 2012 државава ја заврши со девизни резерви од 2,193 милијарди евра. Во јануари тие се зголемија за 70 милиони евра, односно достигнаа 2,263 милијарди евра, и тоа беше нивниот највисок износ. Од тогаш наваму девизните резерви паѓаат.

Девизните резерви се стопија за 78,7 милиони евраСамо за еден месец, односно споредено мај со јуни годинава, девизните резерви на државава се намалиле за близу 80 милиони евра.

Ова го покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија, кои говорат дека на крајот на јуни девизните резерви на земјава изнесувале 2,039 милијарди евра, наспроти нивото од 2,117 милијарди евра кое го имале во мај. Ова е најниско ниво на девизните резерви од почетокот на годинава.

Ако се споредат јануари со јуни годинава, тогаш излегува дека девизните резерви се намалиле за 224 милиони евра.

Минатата 2012 државава ја заврши со девизни резерви од 2,193 милијарди евра. Во јануари тие се зголемија за 70 милиони евра, односно достигнаа 2,263 милијарди евра, и тоа беше нивниот највисок износ. Од тогаш наваму девизните резерви паѓаат.

Во јуни најголемо намалување има кај монетарното злато, од 37 милиони евра, односно ако во мај вредноста на девизните резерви во монетарно злато изнесувала 237 милиони евра, во јуни тие биле на ниво од 200 милиони. Инаку, најголем дел од девизните резерви на земјава Народна банка на Македонија чува во хартии од вредност. Таму има намалување од 26 милиони евра. Тоа се хартии од вредност на други држави кои важат за најниско ризични, односно со највисоки оценки за кредитниот рејтинг, а нашата земја во јуни во овој инструмент држела 1,707 милијарди евра.

Во валути и депозити, пак, вредноста на девизните резерви во мај била 144 милиони евра, а во јуни се намалила за 16 милиони евра. Ако се споредат јануари со јуни, кај валути и депозити има најголемо намалување од дури 290 милиони евра. „На крајот на јуни состојбата на девизните резерви на Република Македонија изнесува 2,039.2 милиони евра и е намалена за 78,7 милиони евра, најмногу како резултат на ценовни и валутни промени“, стои во одговорот што „Утрински весник“ го доби од централната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik